Политика за враќање, рекламација и замена
Во TeddyCo се грижиме да добиете производи со највисок квалитет. Но, доколку сепак се појави потреба од замена или рекламација, ве молиме запознајте се со условите подолу. Враќањето, рекламациите и замените се вршат согласно важечките прописи во Република Северна Македонија.
1. Враќање на производ
Имате право да се повлечете од договорот со Тедико Бебе Премиум (да барате рефундација на средства) во рок од 14 дена од приемот на производот, без да наведете причина.
Во одредени случаи предвидени со закон, правото на враќање на производот и рефундација не се применува, како на пример производи изработени по нарачка или персонализирани производи, како и за одредени хигиенски производи кои се отворени по испораката.
2. Рекламација
Имате право на рекламација доколку:
• производот е неисправен или има недостаток;
• производот не одговара на договорените карактеристики;
• сте добиле погрешен производ;
Во случај на оправдана рекламација, согласно со закон, можете да побарате поправка или замена или раскинување на договорот (рефундација).
Поправката или замената се врши без дополнителни трошоци за потрошувачот, согласно со закон.
3. Замена поради големина или избор
Доколку производот е исправен, но сакате да го замените поради погрешно избрана големина, боја или модел, замена може да се изврши согласно со достапноста и условите на TeddyCo Baby.
Трошоците за враќање и повторна испорака во ваков случај сe на товар на купувачот.
4. Како да поднесете барање
За враќање или рекламација, контактирајте нè преку нашата е-пошта или телефон и наведете:
• број на нарачка;
• име и презиме;
• производот на кој се однесува барањето;
• причина за враќање или рекламација.
По потреба, може да побараме фотографии или дополнителни информации за производот.
5. Поврат на средства
Во случај на законско повлекување од договорот, средствата се враќаат во роковите предвидени со закон, по правило во рок од 14 дена, со можност за одложување согласно со закон до враќањето на производот или доставување доказ дека производот е испратен назад.
Средствата се враќаат со истото средство за плаќање што било користено при купувањето.
6. Контакт
Ако имате прашања во врска со оваа Политика за враќање и рефундирање, ве молиме контактирајте нѐ:
ТЕДИКО БЕБЕ ПРЕМИУМ ДООЕЛ Скопје
Елисие Поповски – Марко Бр.37/2-51
ЕМБС: 7919832 | ЕДБ: 4080026637617
Email: teodora@teddycobaby.com
Телефон: 078 811 276
Instagram: @teddycobaby
Целата комуникација се одвива писмено, преку email или социјални медиуми, за понатамошна евиденција.