Добредојдовте во нашето мало, но со многу љубов создадено катче за бебиња и дечиња

 Нашата цел е оваа продавница да биде место каде што секој еден родител ќе може со сигурност да го избере само најдоброто за своите најмили.

Како мајка, знам колку е важно секој производ што го внесуваме во домот да биде безбеден и квалитетен. Затоа во TeddyCo ќе најдете квалитетни и софистицирани брендови — внимателно селектирани производи, естетски убави, функционални и создадени да траат. Секој еден артикл е избран со истото внимание со кое би го избрала за моето дете.

Веруваме дека првите години од животот се најнежни, најважни и најмагични. Затоа нашата мисија е да ви понудиме производи што не се само практични, туку и носат радост, топлина и сигурност во секојдневието.

Ви благодариме што ни ја доверувате грижата за вашето најголемо богатство.

 

Со љубов,

Една мајка

наши вредности

Органскиот памук е во срцето на Teddyco и овозможува најмека ткаенина која е удобна и без штетни хемикалии.

Водени од љубов

Секој наш производ е создаден со грижа, внимание и љубов кон најмалите. 

Создадено со креативност и инспирација

Со внимателно избрани бои, дизајн и детали, нашата цел е да донесеме инспирација и креативност во секојдневието на најмалите.

Еко пријателски

Секој производ е создаден со грижа за околината и за семејствата, за да оставиме посветла иднина за следните генерации.